
Барселона победи на гостувањето во Севиља со 3:1, а втор натпревар по ред тренерот Ханси Флик не му даде шанса да игра на францускиот дефанзивец Жул Кунде.
Кунде го следеше натпреварот од клупата, но по последниот судиски свиреж реши да одработи тркачки тренинг и беше единствениот играч на каталонскиот клуб кој не играше, а се појави да одработи тренинг.
Тренерот на Барселона Ханси Флик како да ја завршува епизодата на Жул Кунде во Барселона. Клупата е само почеток пред потенцијалната разделба во јануари.
Од одамна се зборува за неговото заминување од Камп Ноу стадионот. Потенцијалните дестинации се Манчестер Јунајтед и Челзи и нема да биде изненадување ако трансферот навистина се случи.
Ќе биде интересно да се види каков однос ќе има Флик кон дефанзивецот во наредниот период. Се приближува репрезентативната пауза, а потоа враќање на терените во Ла Лига и Лигата на шампионите.
Оваа сезона, 27-годишниот настапил во пет натпревари. Четири одигра во Ла Лига и настапи на отворањето на сезоната во Лигата на шампионите против Фејенорд.
Сепак, изгледа дека во меѓувреме нешто се случило. Неочекувано е без минутажа во претходните два натпревари и останува да се види што се случува.
Кунде сигурно нема намера да ја грее клупата. Ќе видиме дали ќе дојде до трансфер.