
Нема долгорочно решение за позицијата на голман во Јувентус.
Летово имаа ограничен буџет, доведоа Викарио на заем од Тотенхем, сакаа да го доведат Мартинез кој тогаш бранеше за Астон Вила, но тој трансфер се искомплицира.
Потоа го доведоа Камил Грабара, но настана голем проблем кога се повреди и долго нема да го гледаме на теренот. И тој е доведен на заем од Волфсбург, па е прашање дали ќе се активира клаузулата на крајот од сезоната.
Затоа Јуве бара голман кој ќе биде сигурно решение на подолг рок, и го избраа актуелниот голман на Аталанта, Марко Карнезеки.
Јуве сака да ја искористи фактот дека Карнезеки има договор до 2028 година и дека преговорите за продолжување на соработката сè уште не се започнати, а според некои наводи на италијанските медиуми, цената на трансферот би можела да изнесува 50.000.000 евра во летото 2027 година.
Постои и интерес од Премиер лигата, што ја комплицира позицијата на Јувентус.