Дома Фудбал Англија Ливерпул ги има најдобрите навивачи: Погледнете како Кариус беше пречекан на „Енфилд“ (ВИДЕО)

Ливерпул ги има најдобрите навивачи: Погледнете како Кариус беше пречекан на „Енфилд“ (ВИДЕО)

Навивачите на Ливерпул синоќа покажаа дека, без никакви сомнежи, се едни од најдобрите навивачи во светот.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Најдобро тоа на своја кожа го почуствува голманот Кариус, кој во последно време беше изложен на многу критики. Се започна по оние кардинални грешки во финалето од Лигата на Шампионите против Реал Мадрид, по што направи некои грешки и во некои од подготвителните натпревари за новата сезона.

Половина од планетата беше насочена кон Кариус, но оние вистинските навивачи на Ливерпул му дадоа поддршка и дочек кој нема да го заборави додека е жив.

Се играше 73. минута во пријателскиот натпревар против Торино (3:1) кога Кариус влезе во игра на местото од Алисон, а целиот „Енфилд“ се крена на нозе и со голем аплауз го поздрави својот голман. Па сега замислете како тој се чувствуваше во тие моменти.

Приближно, со овој потег е објаснета разликата помеѓу вистинските навивачи кои доаѓаат на натпреварите и оние кои се најпаметни на социјалните мрежи. Се е јасно, а видеото мора да го погледнете…

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Наґелсман поднесе оставка, во спектакуларен пресврт го заменува Клоп?

Четири дена по поразот во осминафиналето на Светското првенство од Парагвај, Јулијан Наґел…