Иако скоро се е одлучено, тимовите имаат за што да се борат.
Последното коло во англиската Премиер лига нема да донесе премногу возбудувања кога е борбатата за титулата и опстанокот во прашање, но клубовите и тоа како имаат за што да се борат.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Клубовите од Премиер лигата на крајот од сезоната ќе поделат бонус од 420 милиони фунти, а сумите кои ќе ги заработат клубовите ќе зависат од конечниот пласман на табелата.
Според тоа, шампионот Манчестер Сити ќе заработи 40 милиони фунти, Манчестер Јунајтед ќе добие 38 милиони фунти, а секој нареден тим на табелата ќе добие два милиони фунти помалку.
Сигурни позиции на табелата имаат уште Арсенал кој како шести ќе инкасира 30 милиони фунти и седмопласираниот Барнли ќе добие 28 милиони фунти. Остатокот од лигата ќе се бори за поголема парична награда, а голем број клубови во последното коло можат да заработат некој милион повеќе.
Тоа сосема сигурно ќе биде доволен императив што подобро да се одигра последниот натпревар, а од поважните промени на табелата преостана само да дознае патникот во Лигата на шампионите помеѓу Ливерпул или Челзи.
„Црвените“ на „Енфилд’ во последното колу му гостуваат на Брајтон кој во овој момент се наоѓа на 14-та позиција , додека Челзи игра против Њуксал на гостински терен.