Дома Фудбал Италија За Игуаин во Италија постои само еден клуб – потврди неговиот брат и агент!

За Игуаин во Италија постои само еден клуб – потврди неговиот брат и агент!

Братот и воедно агент на Гонзало Игуаин тврди дека напаѓачот има желба кариерата да ја продолжи само во еден клуб во Италија.

Јувентус во 2016 година го довее Игуаин за рекордни 90 милиони евра од Наполи. За две сезони Игуаин во Торино постигна 55 гола. Меѓутоа кога Роналдо дојде во Јувентус беше испратен на позајмица во Милан, а потоа во Челзи, но не се прослави.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Сега се пишува за негов можен трансфер во Рома на местото на Един Џеко, сепак тоа се изгледа само шпекулации без нешто конкретно.

„Јас сум во Буенос Аирес, Гонзало Игуаин е тука со сопругата и ќерката на одмор. Сакаме да појасниме дека не сме разговарале со ниту еден клуб. Мојот брат се уште има договор со Јувентус“, изјави Николас Игуаин и додаде:

„Гонзало сака да го испочитува договор и има намера да остане во Јувентус уште две годни. Неговите настапи во Јувентус беа доби и играњето за некој друг клуб во Италија не е решение. Не сакам да некого да навредам, но Гонзало во Италија може да игра само за Јувентус. Мислам дека ова може да биде година на Гонзало“, порача братот на аргентинскиот напаѓач.

Исто така Николас тврди дека Гонзало не се покајал што го напуштил Наполи и дека рано е да се зборува за враќање во Аргентина.

„Кога добро ќе ги наполни батериите ќе покаже дека е напаѓач кој може да игра во Јувентус“, заврши Николас.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Наполи се договори со тренерот на Милан

Стефано Пиоли на крајот на сезоната сигурно ќе се раздели со Милан, а медиумите тврдат дек…