Вчера се појавија информации дека Оливие Жиру е пред трансфер во Јувентус, но изгледа станувало збор само за медиумски шпекулации.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Наводно Јувентус се свртел кон Жиру после потешкотиите да дојде до Суарез или Џеко. Се пишуваше дека трансферот е скоро договорен и за Жиру е спремен двегодишен договор на 4.5 милиони евра.
Меѓутоа ваквите информации беа демантирани од самиот Жиру.
„Бев изненаден кога добив пораки од пријателите дека одам во Јувентус…Тоа е далеку од вистината. Јас сум играч на Челзи и добро се чувствувам тука“, изјави Жиру.