На сите им е јасно дека Јувентус со доведувањето на Роналдо не профитира само во фудбалски, туку и на маркетиншки план.
Колку значи доаѓањето на Роналдо во Јувентус најдобра потврда е бројот на следбеници на овој клуб на социјалните мрежи, конкретно на Инстаграм која е најпопуларна платформа од овој тип на интернет. Неверојатен делува податокот дека Старата дама преку ноќ доби нови милион следбеници, а тој број константно се зголемува од секунда во секунда.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Вчера Јувентус имаше 10 милиони следбеници, додека денеска има 11.1 милиони и бројката вртоглаво расте. Нормално, официјалните страници на Јувентус бележат значителен раст и на Фејбук и Твитер, а треба да се напомене дека Роналдо се уште не го изрекламирал новиот клуб на својот профил кој има неверојатни 134 милиони следбеници.
Фотографијата која Јувентус ја објави пред 17 саати со која го претстави Роналдо собра 2.7 милиони лајкови, што е апсолутен рекорд од постоењето на истата.