Директорот на Фиорентина, Даниеле Праде го коментираше трансферот на Влаховиќ во редовите на Јувентус и начинот на кој реагираа фановите.
Праде истакна дека не можеле да ја одбијат понудата на Јувентус бидејќи ризикувале да го загубат голгетерот без обештетување.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Сите сме на јасно со ситуацијата на Влаховиќ, беше невозможно да ја одбиеме понудата на Јувентус. Го разбирам разочарувањето на фановите, но има ситуации во кои немаш многу простор за маневар. Клубовите се на добар пат да станат заложници на агентите и фудбалерите“.
„Не можевме да кажеме НЕ бидејќи ризикувавме да го загубиме играчот без пари. Влаховиќ ги одби сите други понуди, некои дури беа подобри за нас. Таков е модерниот фудбал и само можеме да се надеваме дека работите ќе се променат“, изјави Праде.