Дома Фудбал Италија Детали од трансферот на Роналдо: Се беше лесно, сакаше само кај нас

Детали од трансферот на Роналдо: Се беше лесно, сакаше само кај нас

ronaldo

Доколку некој изминатото лето ве прашаше дали е тешко да се купи Кристиано Роналдо сигурно би му одговориле „секако“, можеби и невозможно. Сепак Јувентус успеа во таа намера.

Спортскиот директор Јувентус, Фабио Партичи сега ја објаснува акцијата и порача дека тоа било лесно.


Се решава титулата во Серија А! Интер или Наполи!? ↓↓↓


„Со Кристиано се беше лесно бидејќи тој веќе имаше идеја да дојде во Јувентус. Немаше потреба да го убедуваме. Ммислам дека после финалето во Лигата на шампионите донесе одука. Ни кажа дека ако испратиме понуда ќе не избере нас“, изјави Партичи, потоа го објасни текот на преговорите.

„Кога се сретнавме со Мендеш да преговараме Кансело ми кажа: Нема да веруваш, но Кристиано сака да премине во Јувентус. Му одговорив дека му верувам, но дека ќе оди тешко. Во наредните денови ги планиравме чекорите околу неговото доведување. Ањели ми кажа дека му е потребно ден или два да размисли, но ме побара после само три часа“, откри Партичи.

Понатаму е јасно што се случи…

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Фудбалер на Барселона го понижил Манчестер сити како никој досега

Манчестер Сити оваа сезона игра навистина слабо и постои голема можност да останат без тро…