Големо внимание денес ќе биде насочено кон Торино, ќе видиме ли нов дуел Роналдо – Меси?
Првата ѕвезда на Јувентус денес ќе дознае дали утре ќе може да игра или не. На Роналдо ќе му биде направен тест и доколку има негативен резултат тој ќе се појави на теренот да му помогне на својот тим.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
До сега поради вирусот Роналдо пропушти три натпревари. Не играше против Кротоне и Верона во Серија А и против Динамо Киев во првото коло од Лигата на шампионите.
Според информациите на медиумите, Роналдо немал симптоми и тренирал во домашни услови за да биде спремен ако тестот покаже дека е негативен.