Италијанскиот шампион Јувентус неодамна беше обвинет од директорот на „РАИ 2“, Карло Фречеро дека го контролира ВАР.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Ќе потсетиме Фречеро доби прашање дали ќе се гледа Серија А, на неговата телевизија.
„Јас гледам само Премиер лига. Зошто? Во Италија секогаш победува Јувентус бидејќи го контролираат ВАР. Маневрираат во своја корист со целиот систем и тоа е иритантно. Форза Рома“, изјави Фречеро.
Поради оваа изјава беше повикан состанок со управата на „Раи Спорт“ на кој тој мораше да ја објасни својата изјава.
„Кажав дека се шегував цело време. Знам дека Јувентус има огромен број навивачи и тоа покажува каков клуб се. Луѓето ми кажаа дека се чуствуваат навредено, но јас само се шегував. Сакав само да внесам малку забава во емисијата“, се правдаше Фречеро.