Дома Фудбал Италија Голем скандал околу пеналот за Интер, судијата намерно лажел, следуваат казни

Голем скандал околу пеналот за Интер, судијата намерно лажел, следуваат казни

Главна тема во Италија овие два дена секако е недосудениот пенал за Торино на мечот против Интер при резултат 1:0.

При еден дуел во шеснаесетникот Ранокија го фаулираше Белоти, но судијата Гвида не покажа на белата точка.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Уште посомнително е што имаше консултација од една минута со ВАР судијата Маса и беше донесена одлука да не покаже на белата точка.

Сега во медиумите е објавена целата комуникација помеѓу судиите, што предизвика уште поголем скандал.

Имено, судијата Маса му вели на Гвида дека нема потреба да гледа снимка и дека Ранокија ја удрил прво топката, а не ногата на Белоти. Ова отвори големи сомнежи со оглед на фактот дека јасно се гледа дека Ранокија воопшто не ја допира топката, туку ногата на Белоти.

Судијската федерација најави дека двајцата судии ќе бидат суспендирани на одредено време, а секако поголема ќе биде казната за ВАР судијата, Давиде Маса.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

УЕФА жестоко ја казни Србија!

Европската фудбалска федерација (УЕФА) жестоко го казни Фудбалскиот сојуз на Србија. Србит…