Дома Трансфер зона Гвардиола пред ангажман на фудбалер на Атлетико за 70 милиони евра

Гвардиола пред ангажман на фудбалер на Атлетико за 70 милиони евра

Реномираниот шпански медим „АС“ објави дека Манчестер Сити испратил понуда од 70 милиони евра за фудбалерот на Атлетико Мадрид, Родри.

Ако се точни информациите на овој медиум Атлетико не може ништо да направи затоа што толку изнесува откупната клазула во договорот на Родри. Интерес за Родри покажале и други клубови, но наводно неговата желба е да игра под водство на Пеп Гвардиола во Сити.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Гвардиола лично разговарал со Родри и го според информациите го убедил да дојде во Манчестер. Играта на Манчестер Сити одговоара многу повеќе на стилот на игра на Родри отколку оној на Симеоне кој се базира на одрбаната.

Родри го известил Атлетико дека одлука ќе донесе во најбрз можен рок со што ќе му остави доволно време на клубот да пронајде негова замена.

Овој фудбалер ги помина сите младински категории на Атлетико, а во 2013 година премина во Виљареал. Минатото лето Атлетико го врати во својот клуб за сума од 20 милиони евра.

Очекувањата се потврда за овој трансфер да пристигне во наредните неколку денови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Манчестер Јунајтед го сака дефанзивецот на Јувентус

Манчестер Јунајтед е силно заинтересиран за дефанзивецот на Јувентус, Жеилсон Бремер, прен…