Брзо ги демантираше гласините…
„ЕСПН“ вчера пренесе дека Манчестер Јунајтед би можел да го доведе Масимилијано Алегри после завршувањето на сезоната. Се тврдеше дури и дека Алегри учи англиски и се спрема за клупата на „црвените ѓаволи“.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Денес на прес-конференцијата пред утрешниот натпревар Алегри зборуваше и на оваа тема.
„Тоа не е точно, имам мотиви тука. Договорот со овој клуб ме врзува со 2020 и сега не е време да зборуваме за такво нешто. Како и секоја година ќе седнеме пред крајот на сезоната и ќе видиме што ќе правиме понатаму“, јасен беше Алегри.
Медиумите на Апенините пак се сигурни дека Алегри ја минува последната сезона на клупата на Јувентус.
Ако не ја освои Лигата на шампионите тоа ќе биде означено како неуспех, додека пак ако ја освои би бил завршен еден циклус по што на клупата ќе биде доведено некое ново име.