Душан Влаховиќ продолжи да игра во одлична форма и вчера постигна два гола со кои обезбеди и победа на Јувентус од 2:3 против Емполи.
Влаховиќ два пати мајсторски се снајде во шанеснаесетникот на противникот и го матираше противничкиот голман. Тренерот Масилијано Алегри после овој натпревар Влаховиќ го спореди со Кристиано Роналдо.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Влаховиќ е играч со карактер кој сака да победува, но најважно е што сака да учи. Се движеше многу побрзо во однос на претходните натпревари и токму тоа го барав од него. Не стоеше централно, со своето движење дава голема предност за тимот“.
„Роналдо и Влаховиќ? Не можеме да го споредуваме со човек кој освои четири златни топки, се уште е на почетокот на кариерата. Еден или неколку добри натпревари не се доволни да го споредувате со Роналдо. Кристиано има и неверојатна ментална сила, Душан е на самиот почеток“, изјави Алегри.