Дома Трансфер зона „Ако Меси сака да замине, не би го задржувал по секоја цена“

„Ако Меси сака да замине, не би го задржувал по секоја цена“

Кандидатот за претседател на Барселона, Пере Риера го кажа својот личен став за иднината на Лионел Меси во каталонскиот клуб по завршување на сезонава.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Изјавата на еден од кандидатите создаде вистинска бура во Шпанија.

„Според мое мислење, Меси треба да остане во Барселона, а не да биде нејзина историја. Неговото заминување не е добро за никого. На крајот, Меси е тој кој ја одредува својата иднина. Се сомневам дека би сакал да замине, но јас не би го задржувал по секоја цена доколку реши дека е време за преселба“, вели Риера.

Риера кажа дека нема големи ветувања во изборната кампања.

„Не би сакал да ветувам големи имиња доколку не можам да ги ангажирам. Ла Масија не е доволно искористена, таа е наша ДНК“, објаснува претседателскиот кандидат.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…