Серхио Агуеро во моментите кога Манчестер Сити имаше предност против Арсенал веруваше во пресврт на „граѓаните“ кој на крајот и се случи.
Сити до крајот на сезоната го чекаат уште две финалиња во ФА Купот и Лигата на шампионите, па избраниците на Пеп можат да стигна до историска триплета. Сега, Агуеро објави една своја колумна посветена на неговиот поранешен тим и очекувањата за наредната сезона.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Сити апсолутно заслужено ја освои титулата. Сезоната беше поинаква од претходно поради Светското првенство, но очекував ваков завршен спринт од Манчестер Сити. Тимот на Гвардиола е навикнат да се бори до самиот крај. Со базата на играчи која ја има, Сити останува фаворит и следната сезона, тој е најдобар тим во Премиер лигата и тоа го покажаа со последователните три титули, нешто што тешко е остварилво.
Зошто да не ја освојат и наредната? Сигурно дека можат. Сепак, ќе им биде потешко. Арсенал се стабилизираше и направија добра база со млади играчи и освен тоа ќе се засилат во текот на летото. Покрај Арсенал, тука е и Манчестер Јунајтед кој со Тен Хаг се врати на вистинскиот пат“, смета Агуеро.