Италијанскиот гигант Јувентус не се откажува од намерата да го врати Пол Погба во своите редови и спремил одлична понуда за Манчестер Јунајтед.
Во последните неколку месеци се појавија многу шпекулации околу играчот од средниот ред на Манчестер Јунајтед, и медиумите тврдат дека Погба ја игра последната сезона на „Олд Трафорд“.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
Неговиот агент Мино Раиола во неколку наврати потврди дека Французинот сака да го напушти клубот, а најсилен интерес за него покажуваат Реал Мадрид и Јувентус.
Британските медиуми пишуваат дека Манчестер Јунајтед ја спуштил цената на Погба на 100 милиони евра и дека Јувентус спремил понуда која „црвените ѓаволи“ се спремни да ја прифатат.
Имено, „бјанконерите“ за потписот на Погба нудат 50 милиони евра плус Мирален Пјаниќ или Арон Рамзи. Солскјер е голем симпатизен на играта на Велшанецот и Босанецот, па е спремен да ја прифати понудата.