Дома Фудбал Бегалски камп, војна и сон кој изгледаше невозможен: Сега постигна гол на Светското првенство

Бегалски камп, војна и сон кој изгледаше невозможен: Сега постигна гол на Светското првенство

Светските првенства секогаш носат нови херои, но малку приказни можат да се споредат со онаа која денес ја пишува австралискиот репрезентативец Несториj Иранкунда.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Австралија во првото коло на Мундијалот ја совлада Турција со резултат 2:0, а токму дваесетгодишниот напаѓач го започна мрежата на ривалот и ја трасираше патеката на својата репрезентација кон големата победа.

За поголемиот дел од гледачите тоа беше само уште еден гол на најголемата фудбалска сцена. За Иранкунда значеше многу повеќе.

Тоа беше момент што го заокружи патот долг илјадници километри, исполнет со пречки какви што поголемиот дел од професионалните фудбалери никогаш не биле приморани да ги поминат.

Неговата приказна започнува далеку од рефлекторите на големите стадиони. Роден е во Танзанија, во семејство кое поради војната беше приморано да избега од Бурунди.

Првите години од животот ги поминал во бегалски камп, опкружен со неизвесност, далеку од било какви услови кои денес се поврзуваат со професионалниот спорт.

Таму немаше модерни терени, врвна опрема ниту големи академии. Имаше само топка и дете кое часови поминуваше играјќи фудбал каде и да најдеше малку простор.

Семејството подоцна доби можност за нов почеток во Австралија. Тоа беше момент што му го промени животот на младиот Несториj.

Многу брзо стана јасно дека поседува посебен талент. Неговата брзина, експлозивност и способност да создава проблеми на противничките одбрани го одвојуваа од своите врсници.

Чекор по чекор се пробиваше низ младинските селекции и привлекуваше внимание на скаутите.

Големи европски клубови почнаа да го следат неговиот развој, а пред две години пристигна и повикот кој го сонуваат милиони млади фудбалери.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

„Ова не личи на ништо, за кого се игра Светското првенство?“: Клоп распали по ФИФА и спорно правило

Светското првенство во фудбал се одржува во Америка, Канада и Мексико и се повеќе има крит…