Играчот од средниот ред на Олимпик Марсеј, Адриен Рабио, сака повторно да игра заедно со Пол Погба и го повика да му се приклучи во францускиот клуб.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Погба ќе може да ја продолжи кариерата во март – месецот во кој ќе наполни 32 години.
Погба се врати во Јувентус како слободен играч во 2022 година, но повредите го ограничија на само осум натпревари во Серија А во неговиот втор период во клубот пред неговата суспензија допинг.
„Би сакал да играм со Погба. Го повикувам да дојде во Марсеј. Бевме кратко заедно во Јувентус. Немавме прилика многу време да поминеме на теренот поради неговите повреди и бев разочаран поради тоа“, изјави Рабио.