
Капитенот на Мароко Ашраф Хакими изјави дека натпреварот против Бразил не беше лесен, но дека неговиот тим е задоволен од играта на отворањето на Светското првенство.
„Не беше лесно, тие се еден од фаворитите на турнирот. Игравме нерешено, но сме задоволни од прикажаната игра“, изјави Хакими за Фокс Спорт.
Фудбалските репрезентации на Мароко и Бразил утрово во Њујорк одиграа нерешено 1:1, во натпреварот од првото коло на групата Ц на Светското првенство.
Мароко поведе во 21. минута со гол на Исмаел Саибари, а израмнувањето за Бразил го донесе Винисиус Жуниор во 32. минута.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Мароко беше подобар тим, но изгледа дека ја испушти можноста да совлада голем противник, а тоа го знае и веројатно најдобриот десен бек во светот.
„Мораме да напредуваме од натпревар во натпревар и тоа е она на што сега ќе се фокусираме. Мораме да продолжиме понатаму. Треба да ги задржиме позитивните работи и да учиме од грешките“, изјави Хакими, кој е играч на Пари Сен Жермен.