Дома Фудбал Италија Ѕвездата на Милан ќе мора да плати казна од 16,5 милиони евра

Ѕвездата на Милан ќе мора да плати казна од 16,5 милиони евра

Напаѓачот на Милан, Рафаел Леао ќе треба да му плати компензација на својот матичен клуб Спортинг Лисабон од 16,5 милиони евра, одлучи Судот во Лисабон.

Причината за тоа е што Леао во 2018 година еднострано го раскина договорот со Спортинг, откако навивачите го упаднаа во тренинг центарот. Напаѓачот тоа лето како слободен агент се пресели во Лил, од каде после само една година за 23 милиони евра се пресели во Милан.

Во 2020 година Спортскиот арбитражен суд одлучи дека Леао го прекршил договорот и му одреди да плати компензација од 16,5 милиони евра.

Леао ја обжали таа одлука на повисока инстанца, но сега беше потврдено дека ќе мора да ја плати таа сума на португалскиот клуб.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Италијанците во ЛШ веќе се во проблем: само четири бода по две кола

Интер, Наполи, Рома и Комо имаат слаб старт во новата сезона од Лигата на шампионите, а би…