Дома Останати Тенис Ѓоковиќ со изјавата по мечот на Ролан Гарос ги загрижи навивачите

Ѓоковиќ со изјавата по мечот на Ролан Гарос ги загрижи навивачите

Светскиот тенисер број еден Новак Ѓоковиќ славеше во осминафиналето на Ролан Гарос. По речиси пет часа борба во пет сета, го победи 27. тенисер на АТП рангирањето, Аргентинецот Франциско Черундола. Србинот победи со 3:2 во сетови (6:1, 5:7, 3:6, 7:5, 6:3), со тоа што скоро цел натпревар имаше проблеми со болки во коленото.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


На прес-конференцијата по мечот тој истакна дека се лизнал во третиот гем од вториот сет и потоа почувствувал болка во коленото.

„Успеав да го поправам, но тоа ме потресе, не сакав да играм долги поени за два сета, не се чувствував добро трчајќи, не знаев дали да продолжам. Ми дадоа лекови и по три сетови побарав повеќе, тоа беше максималната доза.

Тој најави дека денеска ќе направи магнетна резонанца за да види во каква состојба е коленото. На прашањето што ќе се случи доколку лекарите кажат дека коленото не е во добра состојба, Ѓоковиќ одговори:

“Има шанси да се откажам. Има, зависи колку е сериозно, колку е направена штета. Не е во мои раце, можам да се молам се да е во ред. Ќе направам направам некои работи за побрзо закрпенување, но колено е колено.

Не можете многу да направите кога е тоа во прашање. Ги скинав мускулите во Австралија, но можеш да направиш нешто со завои. Сепак едно е мускул, а друго е коленото. Методот за обновување е различен. Никогаш не сум имал поголеми проблеми со коленото, освен во 2011. Тогаш имав 24 години, а сега телото ми е во друга состојба.

Благодарен сум што ми служи иако се почесто се случуваат повреди. Можам да се пофалам дека имам толку долга кариера. Посветен сум на моето тело и благодарен на мојот тим што се натпреварувам толку многу години“, изјави Новак.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

„Бев уништен, плачев по цели денови“: Надал ја отвори душата за борбата со ретката болест

Рафаел Надал освои 22 гренд слема во својата кариера. Кој знае колку би имал и како би се …