
Босна и Херцеговина е елиминирана од Светското првенство по поразот од САД со резултат од 2:0 во осминафиналето.
По натпреварот со САД, на медиумите им се обрати капитенот Един Џеко.
„Горди сме што се враќаме дома, треба да бидеме горди на тоа што го постигнавме“, рече Џеко на почетокот, а потоа се осврна на вториот гол што ја реши утакмицата.
„Работите не тргнаа наопаку, тој втор гол не смеевме да го примиме, тогаш веќе беше потешко.“
А потоа, прашањето што ја интересира јавноста и навивачите, дали Един Џеко ќе продолжи да игра за репрезентацијата на БиХ?
„Ќе видиме“, заврши Џеко.