
Новак Ѓоковиќ прогнозираше дека Португалија ќе го освои Светското првенство кое се одржува во Соединетите Американски Држави, Канада и Мексико.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Ѓоковиќ верува во квалитетите на Португалија и подвлече дека ќе навива за Босна и Херцеговина и Хрватска.
“Секако, ќе навивам за Босна и Херцеговина и Хрватска. Секогаш ги поддржувам репрезентациите од Балканот и од нашиот регион. Франција игра извонредно. Тие се тимови кои оставаат силен впечаток. Јас мислам дека Португалија ќе го освои Светското првенство”, изјави Новак Ѓоковиќ во Лондон во пресрет на Вимблдон, кој започнува на 29 јуни.
Во првото коло, Португалија одигра нерешено 1:1 против Демократската Република Конго на 17 јуни, а потоа го совлада Узбекистан убедливо со 5:0 шест дена подоцна, при што Кристијано Роналдо постигна два гола.
Следниот предизвик за оваа репрезентација е дерби-натпреварот против Колумбија вечерва 1:30 часот.