Дома Фудбал Мбапе сѐ уште е далеку пред Јамал, смета легендата Џорџ Веа

Мбапе сѐ уште е далеку пред Јамал, смета легендата Џорџ Веа

Освојувачот на „Златната топка“ за 1995 година, Џорџ Веа, е на мислење дека ѕвездата на француската репрезентација, Килиан Мбапе, е многу пред шпанскиот талент Ламине Јамал.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Напаѓачот на Реал Мадрид се запиша два пати при победата на „триколорите“ со 3:0 против Шведска во натпревар од 1/16-финалето на Светското првенство, со што веќе има шест гола и две асистенции од почетокот на турнирот.

Во коментар за емисијата „Ел Чирингиито“, Веа направи споредба меѓу двата фудбалери.

„Мбапе е феномен. Тој е навистина добар играч и одличен стрелец. Ламине Јамал е млад човек и не треба да се споредува со Килиан Мбапе, кој е феномен, додека Јамал сѐ уште се развива. Се надевам дека Јамал ќе продолжи да се подобрува, но не може да се споредува со Мбапе. Сите знаат дека Мбапе е многу подобар“, изјави легендарниот Либериец.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Кој е Брајан Сипенга, поради кого Англичаните стравуваа 90 минути?

Англија се пласираше во осминафиналето на Светското првенство со победа која ја обезбедија…