
Во емисија за FOX Sports, Ибрахимовиќ ги одбра петте играчи кои ги смета за најдобри во светот, а посебно ја истакна силата на француската репрезентација.
“Од петте најдобри играчи во светот, тројца играат во нападот на Франција. Тоа се Усман Дембеле, Мајкл Олис и Килијан Мбапе. Покрај нив би ги додал Ламин Јамал и Ерлинг Халанд”, рече Ибрахимовиќ.
Неговата изјава особено одекна поради фактот што дури тројца од позициите ги резервираше за играчи од француската репрезентација, што го смета како потврда за квалитетот кој го поседува селекцијата на Дидие Дешамп во моментот.