
Калин Ивановски на денешната прес-конференција по повод Macedonian Open зборуваше и за настапот на Лина Ѓорческа на Вимблдон.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Калин не криеше дека историскиот настап на Ѓорческа е инспирација и за него.
„Лина и нејзиниот пласман на Вимблдон секако и моја цел е да се пласирам на Вимблдон. Едноставно Лина ми дава инспирација и ако сум здрав верувам дека следната година ќе настапам, барем во квалификациите. Вимблдон е еден од најдобрите турнири. Јас кога игарв на јуниорскиот ми се исполни сонот и целта ми е да настап и на сениорски турнир и навистина тоа е голем турнир и со тоа успех на Лина и мислам да направи резултат“, изјави на прес конференцијата Калин Ивановски.
Инаку, Ивановски на Вимблдон настапи во младинска конкуренција во 2022 година.