
Селекторот на репрезентацијата на ДР Конго Себастијан Десабр го доживеа исклучително тежок момент по поразот од Англија на Мундијалот, кога за време на конференцијата за медиуми дозна дека му починал таткото.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Додека одговараше на прашањата на новинарите по натпреварот, претставникот на репрезентацијата ја прекина конференцијата и ја соопшти тажната вест.
„Ви благодариме. Сакаме да објавиме дека селекторот го загуби таткото. Му изразуваме искрено сочувство“.
Конференцијата за медиуми веднаш беше прекината, а Десабр делуваше сосема шокирано што веста беше соопштена пред присутните новинари. Пред да ја напушти салата, само тивко кажа: „Благодарам”.