
Репрезентативецот на Соединетите Американски Држави, Фоларин Балогун, испиша една од најнеобичните страници во историјата на светските првенства по натпреварот во осмина-финалето против Босна и Херцеговина.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Напаѓачот на американската селекција ја доведе својата репрезентација во водство со гол пред крајот на првото полувреме, но беше исклучен во 64. минута откако доби директен црвен картон по интервенцијата на ВАР. Картон му беше доделен по остар фаул врз Мухаремовиќ.
И покрај тоа, Американците славеа со резултат 2:0 и се пласираа во осмина-финалето, каде што ги очекува дуел против Белгија.
Со ова Балогун стана само четвртиот фудбалер во историјата на ФИФА Светските првенства кој во еден натпревар и постигна гол и доби црвен картон.
Пред него, тоа успеале само тројца големи имиња од светскиот фудбал. Последниот беше Зинедин Зидан во финалето на Светското првенство 2006 против Италија, кога по легендарниот удар со глава врз Марко Матераци беше исклучен во продолженијата.
На таа ексклузивна листа е и Роналдињо, кој во четвртфиналето на Мундјалот 2002 година против Англија постигна спектакуларен гол од слободен удар, а потоа заработи црвен картон.
🚨🚨| Играчите кои постигнале 𝐆𝐎𝐋 и добиле 𝐅𝐋 𝐊𝐀Р𝐓ОН на натпревар во нокаут фаза на ФИФА Светското Првенство:
→ Фоларин Балогун – 2026 осминафинале
→ Зинедин Зидан – 2006 финале
→ Роналдињо – 2002 четвртфинале
→ Гаринча – 1962 полуфинале
[@Opta] pic.twitter.com/X5bqC5QDBd— CentreGoals. (@centregoals) 2 јули 2026