
Македонскиот плејмејкер кариерата ја продолжува во редовите на грчкиот прволигаш од Солун, откако претходно заврши неговата епизода во руски Зенит.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Димитријевиќ во изминатиот период настапуваше за Зенит како позајмен играч од Баерн Минхен, а германскиот клуб претходно и официјално ја потврди разделбата со македонскиот репрезентативец. Набрзо потоа и Арис го промовираше своето ново засилување, посакувајќи му добредојде во клубот.
Со тимот од Солун, кој следната сезона ќе настапува и во Еврокупот, Димитријевиќ потпиша договор на две години.