Дома Фудбал Познато кога Ѓоковиќ игра натпревар од второто коло на Вимблдон против Циципас

Познато кога Ѓоковиќ игра натпревар од второто коло на Вимблдон против Циципас

Најдобриот тенисер на сите времиња Новак Ѓоковиќ во среда го очекува нов предизвик на Вимблдон и стар противник од многу дуели – Стефанос Циципас. Организаторите ја одредија и сатницата кога ќе се сретнат Србинецот и Гркот на Централниот терен на легендарниот комплекс.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Новак и Стефанос досега во кариерата се сретнале 14 пати и српскиот претставник успеал да слави дури 12 пати.

Сигурно е дека Циципас најмногу ги памети поразите во финалето на Австралискиот Опен 2023 година и Ролан Гарос 2021 година.

Речиси цели седум сезони поминаа откако Гркот последен пат победил во меѓусебен дуел, а тоа се случи на Мастерсот во Шангај.

Интересно е што од сите 14 дуели, ниту еден не бил во толку рана фаза на турнирот како оваа втора рунда.

Новак со 3:1 го совлада Ѓибинг Ву, додека Циципас го порази Ига Гастон со 3:0 во сетови.

Организаторот одлучи дека тие двајца веројатно ќе излезат на Централниот терен од 18:30 часот по македонско време.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Павловиќ по елиминацијата на Германија на мета на ужасни навреди: „Ако беше роден во Србија, ќе крадеше автомобили..“

Младиот играч од средниот ред на Баерн се најде под жестоки критики по испаѓањето на Панце…