Дома Останати Тенис Ѓоковиќ откри зошто неговите деца уште немаат телефони

Ѓоковиќ откри зошто неговите деца уште немаат телефони

Седумкратниот шампион на Вимблдон пристигна во Лондон, седна пред исполнетата конференциска сала, се заблагодари на модераторот за убавите зборови и добредојдето, и започна да одговара на прашањата од новинарите, а првото прашање се однесуваше на – родителството.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Првото прашање до Новак Ѓоковиќ пред почетокот на овогодишниот Вимблдон беше: „Изјавивте дека вашите деца за сега немаат пристап до телефони. Како тенисер и родител, како постигнувате рамнотежа кога станува збор за технологијата, особено сега кога вештачката интелигенција е се поприсутна?“

„Драгo ми е што ве гледам сите. Убаво е да се вратам. Навистина убав начин да се отвори прес-конференцијата“, рече со насмевка големиот шампион.

„Мислам дека ова е една од најважните теми денес, во општеството кое постојано се менува поради развојот на технологијата. Особено кога сте родители на мали деца, постојано се грижите како да ги заштитите, а истовремено да им овозможите да ги задоволат основните потреби. Ако сите нивни другарчиња имаат телефони, секако дека и тие ќе посакаат еден. Тоа е предизвик за мене и за мојата сопруга. Сепак, цврсто веруваме дека, до одредена возраст, изложувањето на екрани носи повеќе штета отколку корист. Затоа и се придржуваме до тоа,“ изјави таткото и додаде:

„Не е лесно, како што реков. Живееме во технолошка ера и не можеме целосно да ги изолираме од тоа. Се трудиме да го контролираме овој аспект додека се уште мали.“

Тој објаснува дека во некој момент неговите деца ќе добијат телефони, но Јелена и тој веруваат дека е рано за тоа.

„Секако дека ќе дојде време кога ќе бидат изложени на телефони, сопствени уреди и сè останато. До тогаш се обидуваме да им обезбедиме што поголема заштита и контрола додека не дојде тој момент.“

Стефан на 21 октомври ќе наполни 12 години, а Тара на 2 септември девет години.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Познато кога Ѓорческа ќе игра против Анисмова на Вимблдон

По вчерашната ждрепка за Вимблдон, организаторите го објавија и распоредот за натпреварите…