Дома Фудбал Светско првенство во фудбал Шустер: Проблемот на Шпанија е што Јеро не е тренер!

Шустер: Проблемот на Шпанија е што Јеро не е тренер!

Германскиот стратег, Берн Шустер кој голем дел од својата фудбалска и тренерска кариера ја помина во Шпанија даде свој коментар за „црвената фирија“.

Поранешниот фудбалер на Барселона и Реал Мадрид смета дека најголем проблем за националниот тим е што селекторот Фернандо Јеро всушност не е тренер.


Србија прв тест за "големиот" најскап фаворит! Холандија во проблеми! ↓↓↓


„Има два големи проблеми во шпанската репрезентација. Првиот е фактот што Јеро не е тренер и го нема потребното искуство. Да бидеш тренер не е исто како да бидеш фудбалер. Треба да имаш јасен план и да носиш одлуки. Да, тој не е виновен за ваквата ситуација, но тоа е факт“, изјави Шустер.

Лопатеги ја составуваше групата на фудбалери и тој работеше со тимот. Јеро не знае каков е планот, какви промени може да направи, што може да се случи“, додаде Германецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Светско првенство во фудбал

Проверете

Италија со пресврт ја победи Албанија

Репрезентацијата на Италија потешко од очекувањата ја победи Албанија со 2:1 на стартот на…