Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез е позитивен на коронавирус. „Кралскиот клуб“ денес потврди дека Перез е позитивен на коронавирус и дека се наоѓа во изолација. Како што се наведува во соопштението 73 годишниот Перез нема никакви симптоми и добро се чувствува. Многумина се загрижија поради неговите години, но изгледа дека првиот човек на Реал нема да има многу проблеми. …