Дома Фудбал Без разлика дали ќе бидат шампиони Атлетико сака да го продолжи договорот на Симеоне

Без разлика дали ќе бидат шампиони Атлетико сака да го продолжи договорот на Симеоне

Според најавите од Шпанија, Атлетико Мадрид преговара со Диего Симеоне за продолжување на договорот.

Атлетико денес има шанси со победа во последното коло да дојде до титулата во Ла Лига, па разбирлива е желбата на раководството Симеоне да остане во клубот. Низ медиумите во Шпанија може да се прочита дека Атлетико започнал преговори за нов договор на Симеоне со важност до 2024 година.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Се потенцира дека преговорите не зависат од тоа дали денес Атлетико ќе ја освои титулата или не, во Мадрид се исклучително задоволни и со досегашниот учинок во сезоната. Сепак, јасно е дека би било фантастично за сите во клубот Атлетико да стане шампион.

Натпреварите од Ла Лига денес се играат од 18:00 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Рома и со играч помалку го победи Милан, пирова победа на Ливерпул

Рома и Аталанта се пласираа во полуфиналето од Лига Евопа откако беа подобри од Милан одно…