Дома Фудбал Mијатовиќ за Азар: Мајко моја…Нека не заборави дека Реал го плаќа

Mијатовиќ за Азар: Мајко моја…Нека не заборави дека Реал го плаќа

Предраг Мијатовиќ даде интервју за емисијата „Ел Ларгуеро“ која се емитува на шпанското радио „Кадена СЕР“. Тој ја коментираше завршницата на Ла Лига, но зборуваше и на други теми.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Поранешниот фудбалер на Реал ги коментираше случувањата во клубот, а посебен коментар даде на ситуацијата околу Еден Азар кој се покажа како целосно промашување.

„Мајко моја…Неверојатно е колку натпревари пропушти. Тој и понатаму е со мислите на ЕП со Белгија, тоа му е поважно од Ла Лига. Нека запамети дека Реал е тој што го плаќа“, изјави Мијатовиќ за Азар.

Мијатовиќ сака Зидан да остане во клубот.

„Зидан работи одлично и кој и да дојде на негово место ќе има тешка задача, но јас би сакал да остане и следната година да го гледаме на клупата на Реал“, коментира Мијатовиќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Од трагедија до лудило: Габриел доживе неверојатен пресврт кој никој не го очекуваше

Додека играчите на ПСЖ славеа нова титула и потврда за својата доминација во Европа, во др…