Дома Фудбал Лајпциг сака да го врати Нкунку, но не ги задоволува барањата на Милан

Лајпциг сака да го врати Нкунку, но не ги задоволува барањата на Милан

Од РБ Лајпциг се надеваат да го вратат напаѓачот на Милан, Кристофер Нкунку, објавуваат Џанлука Ди Марцио и Фабрицио Романо.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Идејата на “биковите” е да го ангажираат на позајмица со опција за купување. “Росонерите” не се согласуваат со ваков тип на зделка, а исто така бараат 35 милиони евра за Французинот.

Исто така, самиот Нкунку сѐ уште не е убеден дали сака да се врати во германскиот клуб, од каде веќе стапија во контакт со неговите претставници. Како што е познато, 28-годишниот играч мина четири сезони во Лајпциг од 2019 до 2023 година.

Според Саша Таволиери, напаѓачот е исто така цел на Галатасарај, кој веќе започна преговори со Милан. Николо Скира пак, пишува за интерес и од Премиер лигата и Саудиска Арабија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Бруно ја одби првата понуда на Ман Јунајтед за нов договор

Манчестер Јунајтед сака да го продолжи договорот на играчот од средниот ред и капитенот на…