Дома Фудбал Шокантна приказна за еден од најголемите фудбалски мајстори:Играв под лажно име

Шокантна приказна за еден од најголемите фудбалски мајстори:Играв под лажно име

Легендарниот нигериски фудбалер Џеј Џеј Окоча откри неверојатна приказна од времето кога го носеше дресот на Фенербахче.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Турскиот клуб, како што раскажал, му издал пасош со друго име за полесно да го задржи во своите редови.

Окоча за оваа необична епизода зборуваше за време на гостувањето на „Obi One Podcast“, потсетувајќи се на времето поминато во Истанбул.

Нигериецот пристигна во Фенербахче во 1996 година од Ајнтрахт Франкфурт, а со своите игри многу брзо стана еден од најголемите миленици на навивачите.

„Прв пат кога патував со тој пасош, седнав на моето место. Ми велеа: ‘Добредојдовте, господине Јахуз.’ Не знаев дека ми се обраќаат мене. Го заборавив моето име,” раскажа Окоча.

Објасни и како го избрал името што стоело во неговиот турски пасош.

„Ми дадоа турски пасош со турско име. Ми рекоа да изберам турско име. Најлесно ми беше Мухамед. Имаше еден човек кој работеше за нас, сите го сакавме, па го зедов неговото име,” изјави бившиот капитен на Нигерија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Претседател на албански клуб влета во соблекувалната со торба пари (Видео)

Многу интересен потег направи претседателот на Динамо од Тирана Ардијан Барду. По елиминац…