Дома Фудбал Барселона го постави новиот капитен, навивачите воодушевени од изборот

Барселона го постави новиот капитен, навивачите воодушевени од изборот

Барселона може да влезе во новата сезона со голема промена во капетанската хиерархија, а Рафиња, според најновите информации, е избран за прв капитен.

Информацијата ја објави Бруно Андраде од “ESPN Бразил”, наведувајќи дека бразилскиот репрезентативец официјално треба да ја преземе капетанската лента за сезоната 2026/27.

Доколку се потврди неговиот избор, Рафиња ќе испише историја како првиот Бразилец кој е именуван за прв капетан на Барселона.

Таквата одлука доаѓа по големите промени во екипата на каталонскиот гигант за време на актуелниот трансфер-период.

Досегашниот прв капетан, Марк-Андре тер Штеген, го напушти клубот и замина на позајмица во Ајакс, додека Роналд Араухо, исто така, привремено ја промени средината и се приклучи на Ливерпул.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

ПСЖ дури 14 години немало ваков слаб старт: Дали ова е крај на доминацијата?

Феноменално играше Пари Сен Жермен во финишот од минатата сезона и сосем заслужено стигна …