Дома Фудбал Официјално: Патрик Виера за првпат во кариерата стана селектор!

Официјално: Патрик Виера за првпат во кариерата стана селектор!

Патрик Виера официјално е поставен на чело на фудбалската репрезентација на Сенегал.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Виера, кој е роден во Дакар, ќе ја води екипата на „Лавовите од Теранга“ по заминувањето на Папе Тиау, а неговата главна цел ќе бидат квалификациите за Африканскиот куп на нации 2027 година, кои стартуваат веќе во септември.

Фудбалската федерација на Сенегал го потврди неговото именување, но нагласи дека датумот за неговата официјална презентација, како и следните постапки за именувањето, ќе бидат објавени дополнително. Должината на договорот засега не е објавена официјално.

Како фудбалер играше за Кан, Милан, Арсенал, Јувентус, Интер и Манчестер Сити, а за репрезентацијата на Франција настапи на 107 меча. Беше дел од тимот кој го освои Светското првенство 1998 година и Европското првенство 2000 година.

По завршувањето на неговата играчка кариера во 2011 година, Виера започна да ја гради својата тренерска кариера. Водеше тимови како New York City FC, Ница, Кристал Палас, Стразбур и Џенова, а последниот ангажман го имаше во овој италијански клуб, кој го напушти во 2025 година.

Виера го презема кормилото на Сенегал по Папе Тиау, кој ја презеде репрезентацијата кон крајот на 2024 година. Во краток период, Тиау оствари значајни успеси. Под негово водство, Сенегал стигна до финалето на Африканскиот куп на нации 2025, а во квалификациите забележа учество на Светското првенство 2026 година.

Сепак, учеството на Мундијалот во Северна Америка заврши разочарувачки. Сенегал во групната фаза загуби од Франција и Норвешка, по што со 5:0 го надмина Ирак и се пласираше во нокаут-фазата, но во осминафиналето доживеа болен пораз од Белгија. Сенегалците водеа 2:0 сè до крајот на регуларниот дел, но Белгија успеа да израмни, а потоа во продолжението да постигне победнички гол за 3:2.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Не е само Алајбеговиќ, Спалети во Јувентус сака да доведе уште еден Босанец

Јувентус продолжува со амбициозно формирање на тимот за наредната сезона, а на радарот на …