Дома Фудбал Диего Коста може да биде „губитникот на сезоната“ – зошто ја направи таа глупост во јануари?

Диего Коста може да биде „губитникот на сезоната“ – зошто ја направи таа глупост во јануари?

Фудбалерите на Атлетико Мадрид денес играат на гости против Ваљадолид во последното коло од шпанската Ла Лига и се наоѓаат на чекор од освојувањето на шампионската титула во Шпанија.

Атлетико е лидер на табелата со 83 бодови и има два бода повеќе од градскиот ривал Реал Мадрид кој денес ќе игра против Виљареал. Фудбалерите на Атлетико имаат се во своите раце и доколку запишат победа сигурно ќе станат нови шампиони на Шпанија, но немаат право на кикс бидејќи во случај на реми и победа на Реал против Виљареал „кралевите“ ќе бидат шампион без оглед на тоа што ќе имаат ист број на бодови.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Доаѓањето на Луис Суарез за Диего Коста значеше дека нема да биде дел од почетниот состав, но никој не очекуваше дека во јануари поради тоа тој ќе си замине.

Коста изненади со одлуката во декември да побара раскинување на договорот со Атлетико кој имаше важност до крајот на оваа сезона. Атлетико му го исполни барањето иако на луѓето вк лубот не им беше јасно зошто тоа го направи.

Овој 32 годишен напаѓач се уште е без клуб и изгледа дека најголем губитник затоа што можеше да остане во Атлетико до крајот на сезоната и да биде дел од екипата која ќе ја освои титулата, а потоа како слободен играч да ја промени средината.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Уникатен светски рекорд на Родри – една година без пораз!

Шпанскиот стратег, Пеп Гвардиола го истакна Родри како најдобар фудбалер на Манчестер Сити…