Дома Фудбал Лош бил теренот: Пелистер со Брера нема да игра во Битола

Лош бил теренот: Пелистер со Брера нема да игра во Битола

Пелистер ќе мора да го напушти својот дом и вториот натпревар од новата сезона да го одигра на неутрален терен. Битолскиот клуб информира дека дуелот од 2. коло против Брера ќе се игра на Градскиот стадион во Кавадарци.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Причината е тревната подлога на стадионот „Петар Милошевски“, која во моментов се обновува. По консултациите со ЈП „Комуналец“ – Битола и Фудбалската федерација на Македонија, донесена е одлука натпреварот да биде преместен во Кавадарци.

Тревникот во Битола беше оштетен по одржувањето на концертот на една од најголемите балкански музички ѕвезди, Здравко Чолиќ. Поради санацијата, Пелистер ќе мора да ја одигра оваа средба надвор од својот стадион.

Од битолскиот клуб им се заблагодарија на сите страни вклучени во организацијата за разбирањето и соработката, со цел натпреварот да се одигра во најдобри можни услови.

Добра вест за навивачите е што влезот на Градскиот стадион во Кавадарци ќе биде бесплатен за сите посетители. Во Пелистер очекуваат своите симпатизери да им дадат поддршка и на овој натпревар, иако тимот нема да игра во Битола.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Официјално: Патрик Виера за првпат во кариерата стана селектор!

Патрик Виера официјално е поставен на чело на фудбалската репрезентација на Сенегал. Како …