
Лука Модриќ минатото лето направи голема промена во кариерата и по долготраен престој во Реал Мадрид се пресели во редовите на Милан.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Хрватскиот играч од средниот ред во Мадрид остави длабока трага, освои бројни трофеи и стана една од најголемите легенди во историјата на кралскиот клуб.
По пристигнувањето на Сан Сиро, Модриќ многу брзо покажа дека е подготвен за нов предизвик, а за престојот во Италија зборуваше за официјалната клупска страница.
Специјално внимание привлекоа неговите зборови за големината на Милан и споредбата со клубот во кој помина најголем дел од својата кариера.
Модриќ без никакво колебање зборуваше за два европски големци, но една негова реченица особено привлече внимание на љубителите на фудбалот.
Имено, хрватскиот играч од средниот ред смета дека Милан, кога станува збор за големина и значење, е на исто ниво како Реал Мадрид.
“Играв за најголемиот клуб на светот, Реал Мадрид, но имам чувство дека Милан е на истото ниво. Тоа е еден од најважните клубови во светот. Кога ќе дојдете тука, ќе разберете зошто. Имам чувство како да сум тука веќе многу години и токму поради тоа сакам да дадам сè од себе.”