Дома Фудбал Големиот хаос продолжува: Третиот човек на светскиот фудбал ги напушти ФИФА и Инфантино!

Големиот хаос продолжува: Третиот човек на светскиот фудбал ги напушти ФИФА и Инфантино!

Оперативниот директор на ФИФА, Кевин Ламур, го напушти своето работно место во Цирих неколку недели откако обвини дека претседателот Џани Инфантино манипулирал со вработените за плановите за продажба на идните приходи од Светското првенство.

На први август, во изјава за Associated Press, Ламур ги бранеше своите колеги и истакна дека вработените биле „заведени“ поради нетранспарентноста на Инфантино во планирањето на продажбата на уделите во идниот профит од Светскиот куп на приватни инвестициски фондови.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Тој ист ден, и Карлос Кордеиро, виш советник на Инфантино, одлучи да се повлече, при што планот за комерцијална филијала вреден 20 милијарди долари го опиша како штетен за фудбалот.

Британската Press Association во понеделник доцна вечер пренесе изјава од портпаролот на ФИФА дека релациите помеѓу организацијата и Ламур се завршени.

“ФИФА може да потврди дека релациите помеѓу ФИФА и Кевин Ламур како оперативен директор на ФИФА се завршија. ФИФА му изразува благодарност на Кевин за неговата двегодишна работа и му посакува среќа во иднината. За ова прашање нема да има дополнителни коментари”, се вели во изјавата на ФИФА.

Во меѓувреме, Инфантино се стреми кон уште еден мандат на чело на ФИФА, но е под притисок откако претседателите на три континентални конфедерации за Европа, Азија, Северна и Средна Америка и Карибите, неговиот план го нарекоа грубо нарушување на довербата и измама.

По жестоката реакција на фудбалските официјални лица ширум светот, вклучително и УЕФА, Инфантино ги повлече предлозите за вредноста од 20 милијарди долари.

Европската фудбалска куќа предупреди и за евентуален бојкот на сите натпревари и настани организирани од ФИФА, додека неколку национални федерации веќе ја повлекоа својата поддршка за Инфантино. Од друга страна, минатата недела лидерите на шест арапски фудбалски федерации му дадоа целосна поддршка и доверба.

Инаку, Ламур беше третиот најзначаен човек во светскиот фудбал според хиерархијата во ФИФА. На позицијата на оперативен директор на ФИФА, тој по важност беше веднаш по претседателот Џани Инфантино и генералниот секретар Матиас Графстром.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Норвежаните во шок пред натпреварот за 30 милиони евра против Динамо: Максимир е запуштена дупка!

Стадионот Максимир во Загреб наскоро би можел да го спушти својот гард, но неговата запушт…