Дома Фудбал Готово: Решена е иднината на Хулијан Алварез!

Готово: Решена е иднината на Хулијан Алварез!

Тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне, се обрати пред натпреварот со Малага, при што едно од клучните прашања беше иднината на Хулијан Алварез.

Аргентинскиот напаѓач е во центарот на вниманието поради шпекулациите за можен трансфер од Мадрид, но Симеоне недвосмислено изрази дека клубот смета на неговите услуги.

“Мигел Анхел е сопственикот на клубот. Повеќе од тоа не може и да биде јасно. Како кога судија донесува пресуда – ‘нема основа’. Позицијата е експлицитно изразена”, нагласи Симеоне.

Сепак, тренерот на Атлетико смета дека Алварез сè уште не е доволно подготвен физички за следниот натпревар против Малага.

“Јас сум задолжен за спортскиот дел. Имавме разговори како и секогаш. Мислам дека му недостасуваат уште неколку тренинзи за да биде во топ форма во недела. Потребно му е дополнително време за подготовки”, изјави Симеоне.

Аргентинецот доби високи пофалби од својот тренер.

“Тоа е најдобриот играч што го имаме и ќе се обидеме да изградиме тим околу него, имајќи го предвид неговиот квалитет”, подвлече Симеоне.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

ПСЖ дури 14 години немало ваков слаб старт: Дали ова е крај на доминацијата?

Феноменално играше Пари Сен Жермен во финишот од минатата сезона и сосем заслужено стигна …