Дома Фудбал Зидан: Не сум сигурен дека ќе останам во Реал Мадрид

Зидан: Не сум сигурен дека ќе останам во Реал Мадрид

По завршувањето на фудбалската сезона во Шпанија, во која Реал Мадрид заврши на втората позиција и остана без трофеј, тренерот Зинедин Зидан, изјави се уште нема донесено одлука за својата иднина.

Медиумите неколку недели најавуваат дека Зидан ќе го напушти клубот.

„Нема сам да ја донесам таа одлука. Во деновите што доаѓаат ќе разговарам со луѓето од клубот. Заедно ќе ја донесеме таа одлука“, рекол Зидан по натпреварот со Ваљадолид.

Според шпанските медиуми, главни кандидати за клупата на Реал Мадрид се Раул и Масимилијано Алегри.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ако Манчестер Сити биде исклучен, се знае каде оди Норвежанецот!

Приказната за Ерлинг Халанд и Барселона доби нова димензија, барем според информациите кои…