Раководството на Јувентус ова лето го зачуди фудбалскиот свет кога реши тренерското столче да му го додели на Андреа Пирло, кој претходно немаше ниту ден тренерско искуство.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Тренерската авантурата на Пирло во Јувентус не започна на најдобар начин, а италијанските медиуми откриваат дека имал несекојдневни методи на работа.
За фудбалерите на Јувентус е необично што Пирло не зборува со нив за тактика, туку го праќа неговиот заменик Игор Тудор, а за време на мечевите задолжен за инструкциите е вториот помошник Роберто Баронио.
Пауло Дибала и Дејан Кулушевски се посочени како фудбалери што не разбираат што сака тренерот од нив на теренот, а слична ситуација е и со другите фудбалери, особено во средниот ред.