Дома Боречки спортови Рустемовски доминираше и со прекин на борбата дојде до четвртфинале!

Рустемовски доминираше и со прекин на борбата дојде до четвртфинале!

Македонскиот боксер Ален Рустемовски со сигурна победа го започна настапот на Медитеранските игри во Таранто. Во категоријата до 60 килограми, тој без поголеми проблеми го совлада Босанецот Михајло Декиќ.

Рустемовски уште од самиот почеток ја презеде контролата над борбата и по две рунди имаше предност кај сите пет судии. Четворица му доделија резултат 20-18, додека петтиот судија по првите две рунди ја бодуваше борбата со 20-17 во корист на македонскиот боксер.

Доминираше Рустемовски и во третата рунда, по што судиите решија да ја прекинат борбата пред истекот на третата минута. Со тоа македонскиот претставник обезбеди пласман во четвртфиналето.

Следниот предизвик за Рустемовски ќе биде Албанецот Зенели, против кого ќе боксува во вторник од 16 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Боречки спортови

Проверете

Скопје во 2027 ќе пречека над 1.300 џиу-џицу натпреварувачи на две првенства

Балканското првенство и Европското првенство во контакт џиу-џицу ќе се одржат во „Борис Тр…