Дома Останати Македонскиот тинејџер Петар Цеков трет на Охридскиот пливачки маратон!

Македонскиот тинејџер Петар Цеков трет на Охридскиот пливачки маратон!

Италијанецот Алесио Окипинти е победник на 39. издание на Охридскиот пливачки маратон, кој денеска се одржа на патеката долга 25 километри од Свети Наум до Охрид, со учество на 16 пливачи.

Окипинти до целта стигна за 5 часа, 3 минути и 44 секунди, оставајќи го зад себе сонародникот Николо Ричарди.

На третото место заврши 17-годишниот македонски пливач Петар Цеков, кој со својот резултат стигна до вредниот бронзен медал.

Во женска конкуренција најбрза беше Аргентинката Матје Ален Пука, која на целта пристигна како четвртопласирана во генералниот пласман, со време од 5 часа, 20 минути и 46 секунди.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Младост го изненади Левски, победи и за АЦХ Волеј и Спортинг

Загрепска Младост го совлада Левски во првиот меч од втората квалификациска рунда за одбој…